Утрински Весник
Спорт

Тажна вест: Атлетичар од Кенија почина на 27-годишна возраст

Screenshot 2024 10 07 123207 850x491 1.jpg

Атлетичарот од Кенија Кипјегон Бет починал на само 28-годишна возраст поради здравствени компликации.

Бет пред еден месец побара лекарска помош поради проблеми со крвта, а на крајот тие се покажаа како сериозни и за жал докторите не успеаа да го спасат.

Првите извештаи говорат дека причината за смртта е големо оштетување на белите дробови кое го зафатило и другите органи.

Бет беше светски шампион до 20 години на 800 метри во 2016 година, а освои сребрен медал на светската штафета 4×800 во 2017 година. Покрај тоа беше освојувач на бронза на Светското првенство во Лондон 2017 година на 800 метри. Во 2018 година доби и суспензија од четири години поради допинг и на патеките се врати во 2022 година.

Можете да прочитате

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс

Македонија поразена од Летонија – 24info.mk