Утрински Весник
Македонија

Забранета за пиење и водата во Гостивар – пронајдено зголемено присуство на манган

Voda31.jpg

Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар.

На јавното комунално претпријатие “ Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, наредено му е да ги извести граѓаните за забраната, односно дека водата во градскиот водовод не е безбедна за пиење и да обезбеди питка вода за пиење.

По издадените наредби од инспектор за храна на АХВ, ЈКП “ Комуналец”, постапило веднаш.

Во саботата, земени се 4 мостри за бактериолошко и физичко – хемиско тестирање на водата од градскиот водовод, со акцент на присуство на манган, од различни локации и од страна на инспекциските служби на АХВ и од Центар за јавно здравје Гостивар, чии резултати се уште не се добиени.

Можете да прочитате

Два активни пожари во Скопје, едниот во Брњарци, другиот во Волково

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари на отворен простор

Левица: ДПМНЕ има повеќе советници за млади и демографија отколку какви било резултати – училиштата им се празнат оред очи