Утрински Весник
Економија

Извозот во земјава намален за 5,7 отсто – Со Германија и Велика Британија годинава Македонија најмногу тргувала

Uvoz Izvoz.png

Вкупната вредност на извозот на стоки во земјава, во периодот од јануари до август годинава, изнесува 5.190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увeзената стока е 7.341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит е 2.151,2 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз 70,7 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица, наведува ДЗС.

Во периодот јануари – август 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Можете да прочитате

Битиќи: Владата ја задолжува државата без план каде ќе завршат парите

Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра

Промовирана нова платформа за дигитално управување со земјоделско производство