Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Работиме за младите, проект за 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и до 10 илјади евра за бизнис за млади, посветено за Македонија

20241006162054 Big 730x400 85.webp.webp

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше мега проекти за младите. 

ВМРО-ДПМНЕ го прави тоа за младите кои се сила, иднина и нашата надеж, нешто во што мора да се инвестира.

ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија ќе реализира низа на мега проекти. Меѓу кои клучни се следните.

Прво, ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, за сите студенти во Македонија, за сите до еден.

Второ, ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот. Посебна комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта. Ќе има реален надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредноста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект.

„ВМРО-ДПМНЕ верува во младите и во нивниот потенцијал затоа презема вакви мерки. Ова ќе помогне во развивање на државата”, рече Мицкоски на вчерашната Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата дека Македонија е жива преживеала во сите премрежја!

Македонија е жива и затоа ние инвестираме во нејзината иднината, а тоа се младите!

Можете да прочитате

Дебарчанец однесен мртов во болница во Тетово, според пријавата паднал од дрво, па партнерката сакала да избега преку граница

Мислеле дека има богатство: Вандали уништиле камено корито – од непроценливо историско богатство

Денеска вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле – ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете