Утрински Весник
Свет

Израел им оддава почит на жртвите од терористичкиот напад на 7 октомври

20241007070125 Big 730x400 26.webp.webp

Израел денеска им оддава почит на жртвите од терористичкиот напад на исламистичкиот Хамас пред една година.

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе ги отвори комеморациите со семејствата во жалост на местото на музичкиот фестивал Нова, означувајќи го почетокот на тридневното меморијално патување до местата на масакрот, пренесе ДПА.

Во терористичкиот напад без преседан на 7 октомври 2023 година, повеќе од 1,200 луѓе беа убиени во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.

Додека нацијата се обединува во жалост, земјата е исто така поделена во пристапот кон комеморациите.

Роднините на заложниците организираат свој меморијален собир во Тел Авив во моментот на првите истрели утрото пред една година.

Подоцна, израелската влада ќе емитува комеморација која е претходно снимена во јужен Израел.

Со оглед на безбедносните прописи кои се во сила поради заканата од ракетни напади, на лице место им е дозволено да присуствуваат само на максимум 1,000 луѓе.

Комеморацијата ќе се емитува на интернет и на специјални телевизиски програми.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата