Утрински Весник
Магазин

И Бетмен дојде на скопскиот маратон (ФОТО)

Wizzair Skopje Marathon 6.jpeg

Утринава се одржуваше јублејното 20-то издание на скопскиот Wizz air атлетски маратон, а учесници имаше од над 55 земји во светот.

Имено целосниот маратон е во должина од 42 километри, но учесници можат да се пријават и на полумаратонот од 21 километар како и на онаа најмала траса од само симболични 5 километри, па така дел од пријавените прават и свое мало шоу и учествуваат чисто од забава.

Секоја година има по некоја анегдота или интересен натпис со кој се бодрат учесниците полесно да истрчаат до целта, но оваа година беше забележан и Бетмен на патеката.

Секако најмногу му се израдуваа најмалите кои беа во публика, но секако е интересен и забавен момент од целиот маратон.

Можете да прочитате

Крадец голтнал приврзок вреден над 33.500 долари

Хулигани фрлија пудинг врз витрината со кралската круна во Лондонската кула

„Ќе биде вака додека не се решат работите…“: Се огласи Џејла Рамовиќ по откажаниот концерт во Скопје (ФОТО)