Утрински Весник
Балкан

Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ

Ivica Dacic.jpg

Ивица Дачиќ,српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, изјави дека по наредба на претседателот на државата, Александар Вучиќ, а согласно писмото на премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи ќе испрати 36 припадници на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила за помош во поплавите во Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Белград.

По наредба на претседателот Вучиќ, а согласно писмото на премиерот Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи на барање на Босна и Херцеговина, како помош ќе испрати 36 членови на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила, се наведува во соопштението на МВР.

Понудена е и помош во инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери. Како што најавија од Сараево, спасувачите ќе бидат испратени во Јабланица.

Можете да прочитате

Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети

СИРИЗА избра нов лидер – 24info.mk