Утрински Весник
Балкан

Хероината Лејла Залихиќ: Преплива три километри низ поројна вода за да ја спаси својата ќерка

Img 4958.jpeg
Dik 300x250 mk

Го спасила животот на својата ќерка како што можат само најхрабрите

Приказната за Лејла Залихиќ од Бутуровиќ Поље кај Коњиќ и нејзината борба за животот на ќерката

Нејзината 13-годишна ќерка паднала во поројната вода кој ја однела речиси три километри. Таа скокнала од третиот кат од куќата, пливала и успеала да ја спаси ќерка си.

-Почувствувавме кога куќата прво еднаш, потоа втор пат силно се затресе и на крајот се сруши а ние пропаднавме заедно со неа. Се сеќавам дека ги слушнав врисоците на мојот сопруг, свекрва и ќерка – низ воздишка изјави Залихиќ за „Аваз“.

Свесна била, вели, дека нема семејство. Не знаеше каде плива цела беше со повреди и модринки.

-Ќерка ми ме забележа и почна да ме вика. Не можев да дојдам до неа од дрва, работи, апарати за домаќинство. Ги туркав, нурнав под нив, поминав преку нив, ги расчистив за да стигнам до неа. Кога ја најдов, ја влечев зад себе, беше премногу тешко, чизмите и облеката ми беа натопени, но успеавме да стигнеме до брегот, каде што седевме можеби час и половина. Се обидувавме да откриеме каде да одиме, не знаевме во кој правец да одиме – изјави Залихиќ.

Не се сеќавам на сите детали, но знам дека стигнавме до една куќа во која дојдоа полиција и цивилна заштита и не однесоа во Итната помош – изјави Залихиќ.

Таа не знаела ништо за нејзиниот сопруг, подоцна ја известиле дека е жив. Сепак, сè уште не ја нашле нејзината свекрва.

Извор: cafe.ba

Можете да прочитате

Поранешниот албански премиер Фатос Нано во сериозна здравствена состојба

Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин

Во пожар во Малиќ, Албанија загинаа мајка и син, шестгодишно дете се бори за живот