Утрински Весник
Македонија

Царинa заплени 36 килограми марихуана и голема количина лекови

20241005162414 Big 730x400 15.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два дена Царинската управа запленила 36.4 килограми опојна дрога марихуана на граничниот премин Блаце, додека вчера на Jажинце бил спречен шверц на голема количина лекови.

– Од 1 јули до 30 септември годинава или за последното тримесечје, за 70 отсто е зголемен бројот на случаи на заплени, споредено со истиот период 2023 година, лани во тој период биле 54, со 73.631 запленето парче, додека годинава бележат 92 заплени, со 396.592 парчиња. Тоа значи дека за она што се бориме, а тоа е професионално врешење на работата на царинските службеници, тоа и се забележува, резултатите се видливи и мерливи, и од аспект на финансии, полнење на буџетот, но и од аспект на нашето оперативно работење. Со реконструкцијата на управната зграда ќе добиеме нови помодерни услови, современи услови за работа на царинските но и на полициските службеници, но се создаваат и услови за подобро оперативно работење, што за нас како службеници е многу битно, со фокус на квалитет, што значи откривање и спречување на недозволената трговија со забранети стоки, рече Николовски, објавувајќи ја големата заплена од пред два дена на Блаце.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе

Агелер: Без разлика на преговорите со ЕУ, реформите мора да продолжат