Утрински Весник
Македонија

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Soobra a ka.webp.webp

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Според официјалните информации од МВР, едно лице го загубило животот.

„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР.

Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Можете да прочитате

Металурзите бараат да се слушне науката: „Најголемите екологисти се токму оние кои знаат како може да се загади животната средина“

Вработен во ЕВН загинал додека извршувал работни задачи

ГРОМ: ВМРО-ДПМНЕ се изрезили со случајот на Јакимовски