Утрински Весник
Македонија

Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано

20241005132241 Big 730x400 40.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил Лазов, рече дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано, со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи, каде починатотото бебе било претходно лекувано. Односно, на ЈЗУ УК за детски болести и ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај деца „Козле“, изјави попладнево директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов.

– Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, појасни директорот Лазов

Можете да прочитате

ДИК ја започна дистрибуцијата на над еден милион избирачки ливчиња

Студено утро, преку ден сончево

Во недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје, прегласување во една, а нови постапки во четири општини