Утрински Весник
Свет

Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки

Ba Den.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави  дека ако тој беше Израел, ќе разгледав алтернативи за гаѓање на иранските нафтени постројки, додавајќи дека мисли дека Израел сè уште не одлучил како да му одговори на Иран.

Бајден ова го кажа во одговор на прашање на брифинг во Белата куќа.

-Израелците не одлучија што да прават во врска со нападот. За тоа сè уште се разговара, рече Бајден пред новинарите во Белата куќа.

„Да бев на нивно место, ќе размислував за алтернативи за гаѓање на нафтените постројки“, додаде тој.

Тензиите меѓу Иран и Израел се на највисоко ниво бидејќи Израел во моментов ги разгледува опциите како да одговори за иранскиот напад со балистички ракети, што Техеран го изведе во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.

Бајден беше прашан што мисли за тоа дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да влијае на американските избори на 5 ноември со тоа што не сака да се вклучи во дипломатско решение на ситуацијата.

-Дали тој се обидува да влијае на изборите, не знам, не сметам на тоа, одговори Бајден. „Ниту една администрација не му помогна на Израел повеќе од мојата“, додаде тој.

Американскиот претседател изјави и дека е убеден оти претстојните претседателски избори ќе бидат слободни и фер, но го загрижува реакцијата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп доколку загуби.

-Убеден сум дека тие ќе бидат слободни и фер. Не знам дали ќе бидат мирни. Тоа што го кажа Трамп и тоа што го кажа минатиот пат, кога не му се допадна исходот од изборите, е многу опасно, рече Бајден.

Бајден рече дека е значајно и тоа што изборот на Трамп за потпретседател, американскиот сенатор Џеј-Ди Венс, за време на потпретседателската дебата не сакаше да потврди дека ќе го прифати исходот од изборите на 5 ноември.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков