Утрински Весник
Балкан

Не ви треба високо образование: Ова се трите најбарани занимања во Хрватска

Hrvatska.jpeg

Трендот на растечка побарувачка за работници продолжи и годинава, пишуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на податоци од центрите за вработување.

Најбарани занимања во изминатите десет месеци од годинава биле продавач, чистачка и келнер. Тие три професии сочинуваат 17 отсто од вкупниот број на барани работници. Податоците на ЦЕС покажуваат и дека годинава најмногу работници се барале во преработувачката индустрија, во образованието и во дејностите здравствена заштита и социјална помош.

Потребите од работници во тие четири сектори сочинуваат 41 процент од вкупните потреби, пишуваат медиумите.

Очекувано, најголема побарувачка за работници е забележана таму каде што има најмногу жители – во областа на градот Загреб и сплитско-далматинската жупанија.

„На подрачјето на јадранското крајбрежје, во текот на летната сезона, има недостиг од професии поврзани со туризмот, како што се готвачи, келнери, шанкери, камериер, чистачи, продавачи, слаткари, месарници, пекари итн. Во текот на целата година на Јадранот му недостигаат медицински сестри, здравствени лабораториски техничари и фармацевтски техничари, што важи и за континенталните делови на земјата“, велат од ЦЕС.

Можете да прочитате

Вучевиќ: Собрание на СНС на 13 декември го предлагам Александар Вучиќ за нов претседател на партијата

(Видео) Редици пред филијалите на Алта Банка- граѓаните брзаат да си ги подигнат парите

Белградски адвокат: Очекувам апсење на Вучиќ