Утрински Весник
Македонија

Спасов: Со реториката и јавниот дискурс за дестаблизиација, Македонија ќе запаѓа во политичка параноја

16830835 10211912918848978 9209937922565774559 N.jpg

Професорот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов, во интервју за „Рацин.мк“ вели дека веќе видена приказна кога ВМРО-ДПМНЕ е на Власт е реториката за дестабилизација на земјата.

„Македонија, со таа реторика и тој јавен дискурс, ќе запаѓа полека во политичка параноја. Власта ќе гледа секаде околу себе непријатели, ќе најавува можни дестабилизации на земјата подржани од ‘внатрешниот и од надворешниот’ непријател, и ќе го јакне авторитарниот модел на владеење преку контрола на медиумите, и злоупотреба на полицијата, судството и буџетот“ рече Спасов.

Тој додаде дека причините за можни протести и дестабилизација владата никогаш нема да ги гледа кај себе и да ги спречува со промена на политиката, туку секогаш ќе ги обвинува другите.

„Некој друг им е виновен што без подготовки и договори почнаа да ги чепкаат Законот за употреба на јазиците, Балансерот, Еднаквата застапеност, Законот за бранителите и што го доведуваат дури и својот партнер во владата, коалицијата Вреди, во непријатна состојба“ рече Спасов.

Тој додава дека и работниците ќе бидат виновни ако се побунат поради ниските плати, а синдикатите ќе бидат обвинувани дека се политички инструментализирани од опозицијата и ќе се обидат да го сменат нивното раководство.

„Кога ќе наидат на било каков отпор, тие ќе говорат за дестабилизација и дека се подготвени да санкционираат и казнуваат, а не да се корегираат. Во првите 100 дена од работата на владата се препознаваат сите овие нешта и најави. Но, добро е тоа да се знае и препознава на време. Со критика и што не и се допаѓа на владата некои нешта можат да се менуваат“ вели Спасов.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме