Утрински Весник
Македонија

Филипче за загинатите лекари: Загубивме драги колеги и врвни професионалци кои го посветија животот за доброто на другите

Venko Filipce.jpg

Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и колегите на починатите лекари кои утринава трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола.

– Денеска загубивме тројца наши драги колеги, врвни професионалци и пред сè големи луѓе. Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа во Прилеп, во која животите ги загубија примариус д-р Александар Ристески, радиолог, д-р Никола Василевски, гинеколог, и рендген техничарката Фанче Јовановска, сите дел од приватната болница Плодност од Битола.

Загубивме луѓе кои посветија живот за доброто на другите и кои оставија неизбришливи траги во здравството.

На семејствата, блиските и колегите на загинатите им изразувам најискрено сочувство. Нека им е вечна слава. – напиша Филипче на Фејсбук.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути