Утрински Весник
Македонија

Министерството за правда: Франција преку свои експерти ќе ни помогне во процесот на реформи во правосудството

51.jpg

Министерот за правда Игор Филков одржа средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда.

Амбасадорот Риголер ги поздрави плановите на министерот за реформи и изрази подготвеност Франција да помогне во сите процеси со разна помош, вклучувајќи и експертска, со цел подготовка за членство во Европската Унија.

Во таа насока, министерот Филков информира дека од 16.9.2024 година почна ангажманот на француски експерт Сесилија Марониеј која има големо искуство во правосудната област. Од наша страна се обезбедени сите предуслови за овозможување нејзина непречена работа.

Како особено значајна беше истакната и соработката со судијата за врска, кој е во Белград, и аташето за внатрешна безбедност на Скопје, кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите.

На средбата се дискутира и за законодавната агенда на Министерството за правда, најавите за почнување јавни расправи за предлог-измените на законите за Судскиот совет и за Јавното обвинителство, како и за развојната секторска стратегија за правосудството (2024 – 2028).

Филков и Риголер се обврзаа на продлабочување на соработката во периодот што следува и зајакнување на билатералните односи.

Можете да прочитате

Акција на МВР и УЈП во Тетово: Одземени ЦД-а

СДСМ: Николовски не знае каде тера нема ниту еден нов започнат проект во овие 100 дена

Таравари со сочувство до семејствата на загинатите лекари во Прилеп