Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд на јавна седница ќе го разгледа барањето на Апасиев за дискриминација по политичка припадност од страна на Џафери

Ustaven Sud.webp.webp

Уставниот суд денеска ќе одржи јавна расправа по барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери.

Во барањето, Апасиев наведува дека бил дискриминиран по политичка припадност и дека Џафери не постапил согласно Законот за референдум, одлучил сам по Предлог-барањето на Апасиев, наместо да го предаде на Законодавно-правната комисија и до претседателот на матичното работно тело.

Станува збор за Предлог-барање за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум кој требало да овозможи понатамошно непречено собирање на уставно предвидените 150,000 граѓански потписи за распишување референдум со следното прашање: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци бр. 08-3238/1 од 16 јули 2022 rодина.

– Подносителот на барањето, Димитар Апасиев смета дека со тоа што претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата до надлежните собраниски тела, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и на тој начин го спречил подносителот да го оствари уставно заштитеното право на политичко дејстување. При поднесувањето на барањето до Уставниот суд (23,12. 2022) подносителот посочил дека е пратеник во Собранието од редот на опозицијата и претседател на опозициска парламентарна политичка партија „Левица” и дека бил оневозможен политички да дејствува од страна на претседател на Законодавниот дом, предложен од партијата на власт.

Поради ова подносителот Апасиев поднесе барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на правото на политичко дејствување и забрана на дискриминација по основ на политичка припадност.

Исто така подносителот наведува дека со наведеното дејствие, претседателот на Собранието го повредува правото на забрана од дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност што е гарантирана со Уставот и со член 14 и член 1 од Протоколот бр.12 од Европската конвенција за човекови права, стои во информацијата од Уставниот суд. 

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини