Утрински Весник
Скопје

Избувнал среде ноќ, станари се симнувале преку кров: Детали за пожарот во зградата во Чаир

Italijanski Pozarnikari1.jpg

На 02.10.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на ул. „Серава“ во Скопје. На лице место биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје.

Поради вдишување на чад, во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле повеќе лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник.

Во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Меџити: На секоја улица, во секое маало, низ целиот Чаир се работи

Герасимовски: Со Нацрт ДУП-от „Барутана” воведуваме плански ред – нема услови за нова „Панорамика” и дивоградби

Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија