Утрински Весник
Македонија

Мојсоска : Додека Грција ги крши правата на Македонците – ДПМНЕ и ЗНАМ ја бетонираат Северна

Ovana Mo Soska Scaled 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Говор на пратеникот од Левица, Јована Мојсоска, која побара да се тргнат од дневен ред Предлог-законите со коишто името „Република Македонија” се заменува со „Република Северна Македонија”:

Jас барам да се тргнат од дневен ред точките 11, 12, 13, 14 и 15. Станува збор за предлог-законски решенија поднесени од страна на министерот Горан Минчев, и со сите овие 5 законски решенија се продолжува праксата на бришење на името „Република Македонија”, заменувајќи го со „Република Северна Македонија”.

Јас искрено очекував дека колегите од ЗНАМ досега да ја напуштат владината коалиција, особено откако Изет Меџити се врати, сликан само со албанското знаме во Обединетите нации. Но, очигледно министерските фотелји и третиот директор во Царина се послатки.

Она што сакам да го потенцирам и да им се обратам на колегите од владејачкото мнозинство е дека по скандалот со затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин, колегите од власта имаат целосен легитимитет и право да не го почитуваат Преспанскиот договор, или во најмала рака да ја стопираат неговата примена.

Не знам колку сте запознаени со одлуката на Апелациониот суд во Грција, но сметам дека треба да бидете, затоа што таа директно ги тангира Македонците кои живеат во Грција. Јас ќе ја цитирам одлуката за да сфатите за што станува збор:

„Постоењето на Центарот за македонски јазик ги загрозува институциите на државата, јавната безбедност, националниот интерес и нивните односи со соседната држава ‘Република ѕвездичка Македонија’, затоа што намерно ја фалсификува историјата на регионот Македонија за да се утврди постоење и говорење на македонски јазик во соседните и граничните држави, кои се главно погранични области со ‘Република ѕвездичка Македонија’, и каде населението зборува грчки јазик со чиста грчка национална свест.”

Со други зборови, Апелациониот суд во Грција пред еден месец донесе одлука дека во Грција не постои население кое зборува македонски јазик и дека не постои население со чиста македонска национална свест.

За жал, од премиерот Мицковски на ваквиот отворен, негаторски и шовинистички чин од страна на Република Грција добивме изјава дека тоа е само „обична провокација” и дека нема да биде впуштен во политичка расправа. Ова не е провокација – ова е флагрантно кршење на правата на Македонците во Грција. Ова е продолжение на политиките на грчката хунта и политиките на негирање на Македонците во Егејска Македонија.

Оние Македонци од кои се откажа Заев, кого го обвинувавте дека се откажал од Македонците во Грција, сега вие, со овие измени, продолжувате од таму. За жал, и колегите од ВМРО-ДПМНЕ и колегите од ЗНАМ покажаа како добро ги „полираат” овие проблеми.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство