Утрински Весник
Македонија

Уапсени се криумчари на мигранти од Непал

Policija Nokje.jpg

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север синоќа ги лишиле од слобода Б.Р.(41) од липковското село Матејче и Љ.Љ.(32) од Куманово.

Како што соопшти МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица, мигранти од Непал.

Б.Р. и Љ.Љ. биле лишени од слобода синоќа, во 19:40 часот во кумановското село Табановце, на крстосница кон село Лојане, Липковско.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Се враќаат седум пациенти од странство, 48 остануваат на лекување надвор од државата

Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски

Трипуновски од Ресен: Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат