Утрински Весник
Македонија

До 15 октомври продолжување на правото за студентски стипендии за странски државјани од интерес за Македонија

Mon.webp.webp
Dik 300x250 mk

Корисниците на стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Македонија (студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров), а кои правото на студентска стипендија го оствариле во некоја од изминатите академски  години, правото на стипендија во академската 2024/2025 година можат да го продолжат од 1 до 15 октомври 2024 година.

Според известувањето на МОН, корисникот на стипендија треба да достави до Министерството за образование и наука. Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; Уверение со положени испити; Уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и Индекс (копија) од прв запишан семестар до последен заверен семестар.

За сите дополнителни информации или прашања студентите може да се обратат на електронската адреса studentski.stipendii@mon.gov.mk.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат