Утрински Весник
Свет

Саливан: Иранскиот напад врз Израел беше „неефикасен“ и одбиен со помош на САД

20241002070255 Big 730x400 43.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иранскиот напад врз Израел се покажа „неефикасен“ и беше одбиен од израелските сили за противвоздушна одбрана со поддршка на САД, изјави синоќа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој нагласи дека Вашингтон моментално „нема податоци за починати во Израел“ и проверува информации за смртта на еден цивил на окупираниот Западен Брег како резултат на иранскиот напад.

Саливан го нарече нападот „значајна ескалација од страна на Иран“.

Иран вчера лансираше стотици ракети кон Израел како одговор на елиминацијата на неговите сојузници, лидерите на либанската Хезболах и палестинската групација Хамас. Овој напад е втор во последните шест месеци.

Израел се закани со одмазднички акции. „Овој напад нема да остане без последици“, предупреди портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, соопшти дека засега нема информации за оштетување на американски објекти.

-Немаме податоци за цивилни жртви во Израел, а уште помалку за американски граѓани. Има извештај за смртта на еден Палестинец на Западниот Брег, но нема податоци за оштетувања на американски објекти, додаде Милер.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична