Утрински Весник
Македонија

Скопјанец упатувал закани за убиство на уставна судијка

Ojo.jpg

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик.

На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема оштетена – судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со законот за застареност на долгови, обвинетиот објавил пост со закани дека ќе го стори кривичното дело, директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Со казнениот налог обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата.

Можете да прочитате

Средба Николоски – Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

ВМРО-ДПМНЕ: СДС падна на четврто место во Брвеница, а Филипче слави дебакл, граѓаните знаат кој работи и носи резултати