Утрински Весник
Скопје

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Levica Aerodrom.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

На последната седница на Советот на Општина Аеродром градоначалникот Дејан Митевски, по веќе востановената пракса на неговиот претходник Тимчо Муцунски, шверцерски протна изградба на две нови висококатници во Аеродром. Имено, на само пет минути пред почетокот на седницата на дневен ред беа додадени ДУП И-09 и ДУП И–12 со кои е предвидена изградба на две нови стамбени чудовишта, од 12 по ката, на потегот на булеварот Трета Македонска Бригада, кај населбата наречена „Табак Сити”. Овие бетонски ѕидови ќе го спречат струењето на воздухот, што дополнително ќе го зголеми веќе алармантното загадување.

ДУП-от И-09 и ДУП-от И-12 кои беа подметнати пред почетокот на седницата не оставија простор истите да бидат разгледани од страна на советниците во општина Аеродром. Меѓу другото, Општината Аеродром успеала во рекорден рок, само за еден единствен ден, да добие одобрување од Министерството за транспорт и врски, што највероватно е најбрзо одобреното барање во историјата на државата!!!

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ за да ги задоволи апетитите на градежната мафија, не покажувајќи ни најмала грижа за здравјето и иднината на своите сограѓани.

Кога Левица ќе дојде на власт, ќе стави крај на сите штетни ДУП-ви, ќе ја запре неконтролираната бетонизација која се случува во Аеродром и ќе создаде услови за нормален и квалитетен живот за жителите од општината.

Можете да прочитате

Саем на креативни индустрии денеска во „Лабораториум“ од 10 до 18 часот

Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба