Утрински Весник
Македонија

Љутков се сретна со министерката за култура на Црна Гора, Вујовиќ

Sredba Utkov Vu Ovi 2 Jpg.jpg

На маргините на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.

На средбата, министрите се согласија дека соработката во областа на културата меѓу двете држави е на одлично ниво, со можности за нејзино унапредување. Во тој контекст беше истакнато и значењето на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот 2023 – 2026 година, која ќе овозможи интензивна соработка, особено на полето на музичко-сценската дејност и во филмската дејност.

Министрите се согласија дека репродуктивни уметници и ансамбли редовно гостуваат на позначајните фестивали и манифестации во двете земји. Со оглед на тоа што во Црна Гора сè уште не се воспоставени одредени институции, министерот Љутков предложи гостувања на сродни институции од земјава, со што ќе се овозможи претставување на македонската култура и традиција во Црна Гора.

Љутков и Вујовиќ споделија и свои мислења околу начинот на функционирање на министерствата, при што министерот Љутков ја информираше министерката Вујовиќ за проширувањето на надлежностите на Министерството во областа на туризмот.

Црногорската министерка побара помош од македонска страна за соработка на полето на заштитата во смисла на размена на искуства, студентски престои од оваа област.

Министрите се осврнаа и на соработката на мултилатерален план, при што министерката Вујовиќ го покани министерот Љутков да присуствува на министерскиот состанок на иницијативата КОМОКОСЕЕ на крајот на ноември. 

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ