Утрински Весник
Македонија

Пливач спасен во последен момент: Спасувачка акција во Дојранско Езеро

Dojran2.jpg

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше спасителна акција на Дојранско Езеро што заврши успешно.

На 112 во ЦУК околу 16.30 часот е барано помош за лице коешто пливало во езерото заради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста „Калдрма“ во Дојранско Езеро. Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран. Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во близина на грчката граница.

Истото од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност. Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езерото на местото каде што било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранско Езеро, извести ЦУК.

Можете да прочитате

Незадоволство во ЛДП – Зајкова распушта општински организации, додека се додворува на ВМРО-ДПМНЕ

За една недела 45 нови случаи на Ковид-19 и две починати лица

Обвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче во животозагрозувачка состојба префрлен на Клиниката за нефрологија