Утрински Весник
Свет

Парламентарни избори во Австрија – 24info.mk

Picture 1605 660x495 1.jpg

Во Австрија денеска се одржуваат парламентарни избори.

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата би можела за првпат да победи на парламентарните избори и да постигне историски успех доколку победи во спорната трка со владејачките конзервативци, јавуваат светските агенции.

Во последниве месеци, Партијата на слободата постојано водеше на анкетите, но водството на формацијата пред Австриската народна партија постепено речиси целосно се стопи.

Кој и да победи нема да добие целосно мнозинство, покажуваат анкетите, но ќе може да води коалициска влада.

Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаат 6,346. 059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

Првичните резултати се очекуваат неколку минути по завршувањето на изборниот ден во 17 часот. 

Можете да прочитате

Експлозија во близина на крузер со 3.500 луѓе во Абу Даби

Американскo израелските сили погодија болница во Техеран

Саудиска Арабија одобри одмазднички напади против Иран