Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13 март 2024 година, стапува на сила. Овој закон не е празна декларација, тој е конкретна мерка која ќе го заштити буџетот на граѓаните и ќе го намали самоволието на трговците и добавувачите. За првпат, создадовме системско решение со кое ќе ставиме крај на манипулациите со цените. Од денес ќе важат јасни правила и се става ред во односите меѓу трговците и добавувачите со прехранбени производи,- рече Битиќи на денешната прес конференција.
– Законот нема да ги наруши добавувачките ланци и нема да предизвика хаос на пазарот. Дадовме системски одговор на сите манипулации со кои беа оптоварувани граѓаните, а со тоа и нивниот животен стандард. Со овој закон се регулираат 26 нефер трговски практики, со кои над 2.500 земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничени маржи од 10%. Тоа значи дека нема да има просторот за неосновано покачување на цените и создавање на дополнителни трошоци кои директно ги погодуваат семејните буџети. – истакна тој.