Утрински Весник
Свет

Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите

Screenshot 2024 09 28 143449.jpg

Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите во сојузните држави Мичиген и Висконсин.

Како што пренесува Ројтерс, државите Мичиген и Висконсин се сметаат за клучни за исходот на претседателските избори. Според резултатите од ова истражување, Харис има 48 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи во Мичиген, додека Трамп има 47 отсто во таа држава.

Харис има нешто поголема поддршка од гласачите во Висконсин, 49 отсто до 47 отсто од републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД. Анкетите покажуваат дека Трамп покажа сила во сферата на економските прашања кои се сметаат за најважни за гласачите, пред прашањата поврзани со репродуктивните права.

Анкетите покажаа дека предноста што ја имаше Харис на почетокот на август е малку намалена со инсистирањето на Трамп на економски прашања, што може да биде загрижувачки развој на настаните за актуелниот потпретседател на САД пред изборите во ноември, со оглед на тоа што економијата е најмногу важно прашање што ги придвижува гласачите, според Блумберг.

Анкетите биле спроведени телефонски меѓу 21 и 26 септември меѓу 688 веројатни гласачи во Мичиген и 680 во Висконсин, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови