Утрински Весник
Македонија

“Пелистерка” заработи јавна опомена – еве зошто

Pelisterka Kajak.jpg

“На друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата, поради необјавување на одлуките донесени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок, со што не постапи согласно член 39, став 7 од Правилата за котација“, се вели во известувањето од Македонска берза.

И досега од берзата е изрекувана ваква мерка. Според посочениот член, издавачите од сите подсегменти се должни да ја објават содржината на одлуките кои се однесуваат на: усвојување финансиски извештаи; распределба на добивка; распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар; измени во правата на издадените хартии од вредност; промена на членови на органи на управување; статусни промени на друштвото; за голема зделка; за зделка со заинтересирана страна.

Тоа треба да се направи најдоцна до „почетокот на тргувањето на првиот следен ден на тргување после денот на нивното донесување од Собранието на акционери“. Исто така, предвиден е и времен прекин на тргување со акциите на друштвото кое отстапило од пропишаното правило.

Можете да прочитате

Битиќи со критика за непочитување на албанскиот јазик во Собранието

Почина познатиот македонски музичар и композитор Петар Лукиќ

Средба Гаши – Орбан – 24info.mk