Утрински Весник
Македонија

Николоски на билатерална средба со Јанош Лазар министер за градежништво и иневестиции на Унгарија 

Img 20240927 084904 961.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар.

Средбата е дел од работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.

Во фокусот на средбата беше изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа.

“Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски ја потенцира важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.

На средбата се разговараше и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите.  

Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изрази благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

“Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики” – истакна Николоски по средбата.

Двајцата министри се согласија на интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ