Утрински Весник
Скопје

Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови

20240927091415 Big 730x400 39.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиени информации од Секторот за комунални работи при Град Скопје.

Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци е најавена за утре во раните утрински часови. Дезинсекцијата со прскање од земја против возрасни форми на комарци, според најавата, ќе се реализира од 30 септември до 3 октомври – од понеделник до четврток, во период од 21 до два часот, наредниот ден.

– Прскањето по земја против ларви од комарци, ќе се реализира во текот на денов. Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, се додава во соопштението на ЦУК.

Се препорачува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.

– Регионалниот ЦУК – Скопје информира дека денеска, во период од осум до 18 часот, во повеќе наврати ќе се извршува планирано минирање на терен на локалитет кај селото Горна Бањица, општина Гостивар, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Левица-Аеродром: Зимзоленд сеуште работи – 24info.mk

Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот

Без струја делови од Илинден, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево