Утрински Весник
Македонија

(Видео) Давкова за прв пат употреби Северна Македонија

Image 13.png

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова се обрати на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации.

Но овој пат во своето обраќање, Давкова во неколку наврати го употреби целосното уставно име на државата, Република Северна Македонија.

Ова беше прв пат Давкова да го каже целосниот назив на уставното име, откако досега често пати се служеше со термините „нашата дражава“ „македонската државата“ „државата“.

Инаку, Давкова беше еден од најжестоките противници на уставните промени и на новото уставно име.

„Бидејќи државата сега тие ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме, барем јас, држете ме за збор“ изјави во една прилика актуелната претседателка.

Околу употребата на уставното име Давкова се најде во фокусот на јавноста откако не го изговори при давањето свечена заклетва што наиде на остри реакции од Грција, но и од високи претставници на ЕУ.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме