Утрински Весник
Свет

Еден од најголемите урагани на овој век ја погоди Флорида, двајца загинати, повеќе од 1 милион корисници останаа без струја

Screenshot 2024 09 27 064527.jpg

Хелен е „еден од најголемите урагани во Мексиканскиот Залив овој век“, изјави експертот Мајкл Лоури.

Иако неколку урагани веќе ги погодија Соединетите држави оваа година, вклучувајќи ги Берил и Деби, тие беа помалку моќни од Хелен кога стигнаа на копно.

Официјалните лица ги повикаа жителите на патот на бурата да ги почитуваат наредбите за задолжителна евакуација или да се соочат со услови опасни по живот.

„Ќе се одигра навистина неиздржливо сценарио“ во крајбрежната област, рече директорот на Националниот центар за урагани Мајкл Бренан, со вода што може да уништи згради и да однесе автомобили.

Покачувањето на нивото на водата на места на бреговите би можело да достигне 6 метри, колку што изнесува двокатна зграда.

Повеќе од 1 милион корисници останаа без струја во Флорида откако ураганот Хелен падна на копно доцна во четвртокот навечер, според PowerOutage:

Флорида: 1.036.553

Џорџија: 46.040

Северна Каролина: 12.427

Вирџинија: 7.221

Јужна Каролина: 5.540

Две лица загинаа во градот Аламо, Џорџија, откако беа однесени од торнадо поврзано со системот на бура на ураганот Хелен, изјави градоначалничката на градот за Си-ен-ен.

„Во овој момент можеме да потврдиме дека има жртви, но имињата на жртвите сè уште не се објавени. Ќе споделиме дополнителни информации кога ќе станат достапни“, рече градоначалничката Памела Бес Ли.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд