Утрински Весник
Балкан

Радев: Бугарија не треба да се спушта на нивото на коментарите од Македонија

01000000 0aff 0242 638d 08dc7cc16b91 Cx0 Cy14 Cw0 W408 R1 S.jpg

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјави дека Бугарија не треба да се спушта на нивото на коментарите од Македонија, коментирајќи го одвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на преговори со ЕУ како „логична последица од политиката на македонската влада.“

„Не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед. Ги повикувам бугарските политичари на воздржаност, затоа што сме дел од ЕУ и треба да покажеме поголема самоконтрола,“ истакна Радев.

Тој го опиша почетокот на преговорите на Албанија без Македонија како резултат на политиката на македонската влада, потенцирајќи дека предупредил за можни проблеми околу меѓународното право и евроинтеграциите уште од почетокот на актуелната власт.

„Секогаш сме подготвени да помогнеме, но Владата на Северна Македонија досега работеше во спротивна насока. Вистинскиот пат е да се вклучат Бугарите во уставот, бидејќи тоа е дел од преговарачката рамка на ЕУ,“ додаде Радев.

Можете да прочитате

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

Голем протест на пензионерите во Атина