Утрински Весник
Македонија

28-годишник изработувал и тргувал со оружје – Обвинителство поднесе пријава против него

1708367277 obvinitelstvo.jpeg
Dik 300x250 mk

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.С.(28) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” по член 396 од Кривичниот законик.

На 17.07.2024, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени полуавтоматско оружје – пиштол „Заводи Црвена Застава” калибар 9 мм, куршуми со калибар 7,65 мм и чаура 7,65 мм.

Можете да прочитате

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми