Утрински Весник
Македонија

МВР бара помош од граѓаните за исчезнатиот белгиски турист

Mvr.webp.webp

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.

– Во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија. Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.

Можете да прочитате

„Немој тато, мама ќе ја убиеш!“ – потресно сведоштво на сосетката Тања

Три физички напади во скопски училишта пријавени во полиција, момче завршило со тешки телесни повреди

Четири изгубени животи за два месеци – системот повторно затаи?