Утрински Весник
Свет

САД сериозно загрижени по наводите дека постои руско-кинеска тајна програма за производство на воени дронови

Bela Kukja.png

Од Белата куќа изразија сериозна загриженост по наводите во некои медиуми дека Русија работи на таен проект за производство на ударни беспилотни летала во Кина. Се дознава дека станува збор за пример каде една кинеска компанија помага на руска компанија која е под американски санкции.
Според извори во Белата куќа, САД засега немаат докази дека кинеската влада знае за оваа зделка или дека учествува во пружање помош на Москва за вакви деструктивни оружја, прецизира претставникот на Советот за национална безбедност.
-Сепак, владата на НР Кина… е одговорна да осигури дека нејзините компании не обезбедуваат ваква смртоносна помош, додаде тој.
Според два извора од европските разузнавачки служби од документи споделени во некои американски медиуми, Русија создала програма во Кина за развој и производство на ударни беспилотни летала со долг дострел на дејство, за да ги користи во војната против Украина.
-САД се подготвени веднаш да преземат мерки против наведените кинески компании, како и да утврдат кои банки помогнале во спроведувањето на трансакциите со руската организација која е под санкции, изјави претставникот.
Станува збори за модернизирани верзии на беспилотникот „Харпија А1“ што се прави во Ижевски електромеханички завод „Купола“. При тоа, како што се дознава од извештаите, се употребуваат кинески мотори и делови.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме