Европската куќа на фудбалот УЕФА треба да донесе одлука за домаќинство на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година во мај или јуни 2025 година.
– А зошто да не биде во Марсеј, на најубавиот стадион во Франција: Велодром“, напиша заменик-градоначалникот на Марсеј, Себастиен Гибраел на социјалната мрежа Х.
Тој изјави дека градските власти, заедно со градоначалникот Беноа Пајан, ќе ја поддржат кандидатурата на Марсеј да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2027 година.
Потсетување дека финалето на ЛШ во 2025 година ќе се игра во Минхен, Германија, а една година подоцна во Будимпешта, Унгарија.