Утрински Весник
Македонија

Крадец од велешко го приведоа, а одземеното е вратено на сопственикот

Policija 3 1.jpg

На 24.09.2024 во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, поради сомнение дека од објект на улица „Благој Ѓорев“ во Велес одзел женска чанта, сопственост на К.П., во која имало пари, лични документи и предмети.

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а З.С. бил приведен во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ХЕРА: Сеопфатно сексуалното образование е решение за насилството, злоупотребата и дезинформациите, Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите

СДСМ: Мицкоски, навистина мисли дека сите се идиоти, како и Бобан Милошески

Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука