Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Дурмиши  – Бартон: Има цврста основа за зголемување на соработката помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

Image 4.jpg
300x250 opst2

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на Берлинскиот процес оствари средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

На средбата беше оценето дека одличните политички односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, како и за градење на нови деловни релации помеѓу бизнис заедниците помеѓу двете земји.

Министерот Дурмиши го информираше Комесарот Бартон за економските приоритети на Влада, притоа истакнувајќи дека истите може да бидат искористени за создавање на нови можности за понатамошно унапредување и развој на традиционално добрата економска соработка помеѓу двете земји.

Министерот Дурмиши на средбата потенцираше дека Обединетото Кралство е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа на 2-то место од земјите со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена и која бележи контунуиран раст.

 “Радува податокот дека за 10 години вкупните странски инвестициите од Обединето Кралство во Република Северна Македонија изнесуваат износ од 508,8 милиони евра, што ја прави Обединето Кралство земја која е еден од најголемите инвеститори. За нас како министерство за економија и труд во чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори од голема важност е да работиме на подобрување на деловната клима, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот Дурмиши се заблагодари на поддршката која што континуирано ја добива Северна Македонија од владата на Обединтетото Кралство пред се преку поддршка во реформите и во развојниот процес на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ