Утрински Весник
Скопје

Дел од општините Гази Баба и Сарај денеска без струја, без вода корисниците на дел од улиците „Ловченска“ и „Леринска“ во Општина Карпош

Bez Stru A.jpg

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Гази Баба и Сарај.

– Во период од 08:30 – 09:300 часот, струја ќе немаат корисниците на улица Лазар Поптрајков зграда бр. 25 во општина Гази Баба.

– Во период од 08:30 – 13:30 часот, корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај ќе останат без електрична енергија.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека денеска поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Леринска“ бр.51, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците „Ловченска“ и дел од „Леринска“.

Прекинот на водоснабдувањето во овие улици во Општина Карпош, ќе биде од 09:00 часот до завршување.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан

Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1

Општина Центар изрече казни за четири градилишта