Утрински Весник
Спорт

ЕХФ ги одреди кандидатите за домаќини на ЕП во 2030 и во 2032 година

Images 1.png

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) на својот прв состанок од европската сезона 2024/2025 ги одреди кандидатите за домаќини на европските првенства (ЕП) во 2030 и во 2032 година.

Прифатени се кандидатурите на Хрватска и заедничката на Чешка, Полска и на Данска за ЕП 2030 за мажи, а истото важи и за кандидатурите на Хрватска, како и на Германија и Франција за ЕП 2032 за мажи, како и заедничката на Германија, Данска и Полска за ЕП 2032 за жени, објави ЕХФ на својата интернет-страница.

За континенталното првенство во 2030 година за ракометарки, Извршниот комитет ќе му предложи на Конгресот на Европската ракометна федерација, според статутите, Извршниот комитет да има мандат да изнајде изменета процедура за одредување домаќин или домаќини за ова првенство, пишува ЕХФ.

Одредувањето домаќини на европските шампионати во 2030 и во 2032 година ќе се одржи во декември годинава, на вонредниот конгрес на Европската ракометна федерација во Виена.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила