Утрински Весник
Македонија

Министерството за правда и странски експерти ќе работат на надминување на проблемите во правосудството

20240924095242 Big 730x400 97.webp.webp

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Марциа Палота, проектен офицер од  Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и тимот од проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото”. Со ова ќе се поттикне  довербата на граѓаните преку воспоставување на правосуден систем кој ќе биде темел на праведно општество.

Проектот ја обезбедува потребната експертска поддршка на Министерството за спроведување и следење на Секторската развојна стратегија за правосудството 2024-2028 година, како и други активности, а се во насока на подобрување на законските решенија.  
Предвидено е во текот на наредниот месец да се отпочне со јавни дебати за Законот за Судскиот совет и Законот за јавно обвинителство .

Ќе се реактивира и работата на Советот за следење на Стратегијата .За подобрување на  ефикасаноста на судскиот систем и антикорупциската политика ќе биде неопходно да се унапреди дигитализацијата и да се зајакне соработката помеѓу органите за спроведување на законот и правосудните органи.

Сето ова ќе и помогне на нашата држава да изгради подобар правен систем, да напредува кон интеграцијата во ЕУ и да се осигура дека реформите се одржливи на долг рок.

Можете да прочитате

ЛДП гледа напред: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации

Да се избрише „албански терористи“ од спомен плочата за загинатите кај Вејце, бара Таравари

Ладен атмосферски фронт ни носи големо заладување, северен ветер, дожд и снег