Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Започнува третото издание на „Маалски фестивал”

461031906 830381269304936 6447927654199089337 N.jpg

Со изложби, креативни работилници, концерти, базари, саеми и други културни настани стартува третото издание на „Маалски фестивал“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со фестивалот општината гради традиција на различни културни вредности.

„Маалски фестивал е уникатен сам по себе затоа што нуди навистина различни аспекти од културното изразување на уметниците и Здруженијата кои имаат учество во фестивалот. Станува збор за тридневен фестивал кој е во организација на Културниот Центар Јадро. Истиот започнува во петок има навистина богата програма за сечиј вкус и за секоја возраст. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ги анимира и инспирира граѓаните, односно уметниците и публиката кои заеднички ќе учествуваат во создавање на една неповторлива и автентична маалска приказна“, вели Герасимовски.

Герасимовски најавува дека Фестивалската програма започнува во петок на 27 септември со Креативна работилница за изработка на све и свашта за у Маало која започнува во 10 часот, а потоа и работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев.

Маалскиот фестивал вклучува танц, музика, книжевност, прошетки по маало, филмски промоции, театарски претстави и уличен базар. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ја анимира и инспирира локалната заедница.

Можете да прочитате

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски