Утрински Весник
Спорт

Димитријевиќ: Одсекогаш идол ми бол Теодосиќ, лудував на тројката на Илиевски

Image.jpg

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ неверојатно ја започна новата сезона во својата кариера.

Покрај со трофејот во Суперкупот на Италија, бекот се закити и со МВП признинието, предводејќи ја Олимпија Милано до победа.

Во пресрет на настапот во Евролигата, Македонецот интервју за „Еурохупс“, каде зборуваше за својата улога на теренот во новата екипа.

„Се гледам себе си повеќе како плејмејекр, креирајќи за другите и олеснувајќи го животот на соиграчите. Но, се гледам и како поентер, човек кој може да постигне многу поени. Тоа е една од предностите на мојата игра. Можам да ги играм и двете позиции. Кога треба да креирам, креирам, кога треба да постигнувам поени, постигнувам“, вели Димитријевиќ кој се осврна и кон послабата страна на неговата игра, одбраната.

„Да сум добар одбранбен играч не е една од моите силни страни, но мислам дека сум добар тимски одбранбен играч. Знам каде треба да помогнам, а каде не… Целта оваа сезона е да докажам дека сум солиден, не најдобар, но солиден дефанзивец“

Димитријевиќ говореше и за идолите. Еден од нив несомнено е Милош Теодосиќ, еден од најдобрите бекови во историјата на кошарката.

„Гледам кошарка 24/7. Навлечен сум на неа. Теодосиќ отсекогаш ми бил омилен играч, постојано го гледам него. Спанулис исто така“. Не само што Димитријевиќ имал шанса да игра против идолите, тој беше и соиграч со еден од нив.

„Еден од нив беше и Никос Зизис кој играше заедно со мене во Бадалона. Тој е еден од моите најомилени соиграчи. Многу научив од него“

Македонецот не крие дека омилен тим му е белградски Партизан, а и се присети на натпреварот кој му оставил најголем впечаток.

„Веднаш се потсетувам на натпреварот број четири во евролигашкиот плеј-оф во 2010 година помеѓу Партизан и Макаби. Партизан водеше 2-1 и ако победат ќе имаат место на Ф4. 

Бев на тој натпревар во Белград. Се наежувам само што говорам за тоа. Тоа беше најневеројатниот натпревар во мојот живот. Едвај чекам да играм во Белград“

Димитријевиќ се присети и на најголемиот успех на македонската репрезентативна кошарка, четвртото место на Евробаскетот во 2011 година и големиот триумф над Литванија во четвртфиналето.

„Го гледав тој натпревар дома со пријателите и фамилијата, сите викавме како луди. Поготово за четвртфиналната победа против Литванија и тројката на Владо Илиевски. Тоа е неверојатен момент за нашата држава и нашата кошарка. По тоа, се издигна спортот во Македонија“, вели Димитријевиќ.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига