Утрински Весник
Македонија

ПРОДОЛЖУВААТ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Сепак, денес (вторник) и утре (среда) ќе има повеќе облачност и краткотраен локален дожд!

Meteoalarm.mk .oblaci.dozhd .png
Dik 300x250 mk

Денес (вторник), како и утре (среда) територијата на нашата Македонија ќе се наоѓа во предниот дел на висинскиот циклонски систем кој ќе биде со центар некаде над Средоземјето. Во ваква ситуација кај нас ќе има нешто повеќе облачност, а локално се очекува  и појава на повремен дожд, а има услови и за појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во делови од регионот ќе има услови за повремен дожд, а има услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 28, 29 степени.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница