Утрински Весник
Македонија

Сеизмолошката опсерваторија објави совети за тоа како се постапува пред, за време и по земјотрес

Screenshot 2024 07 16 142230.jpg

По земјотресот што го погоди Скопје во два часот по полноќ, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) – Скопје потсети на важноста на преземање на соодветни мерки во случај на посилен земјотрес. Во своето соопштение, Опсерваторијата ги охрабрува граѓаните да ја скенираат QR-кодот, преку кој ќе имаат пристап до брошура што содржи детализирани инструкции за заштита пред, за време и по земјотрес. Овие информации можат да им помогнат на луѓето да останат смирени и да се подготват за да реагираат соодветно во кризна ситуација.

„Со ова известување упатуваме и апел за пополнување на прашалникот за почувствуван земјотрес во случај на почувствуван земјотрес од ваша страна, а ваквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија“, се наведува во соопштението.

Дополнително, попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала во близина на Гостивар. Според Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на овој земјотрес бил на 19 километри југозападно од Гостивар, на длабочина од 15 километри.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Пожарите кај Вардариште, во Долнени, Кожуф, Јасен и Липково ставени под контрола, во моментов нема активни пожари

Жителите на Аеродром најавија нов протест за денес против загадувањето од Вардариште