Младиот словенечкиот кошаркар, Жига Данеу ги исплаши сите присутни на натпреварот од АБА лигата меѓу ФМП и Олимпија, одигран во Железник.
Во финишот од мечот Данеу се обиде да изблокира еден противнички играч, но во мешаницата ја загуби рамнотежата и падна на глава.
По укажаната помош, Данеу беше префрлен во една од белградските болници, а Олимпија утринава се огласи со позитивни вести за неговата состојба.
„По вчерашниот пад на мечот со ФМП, Жига Данеу имаше тестови во текот на вечерта кои покажаа дека нема посериозни последици и тој се чувствува добро. Утринава тој веќе се врати во хотелот и им се придружи на соиграчите, а по враќањето во Љубљана, дополнително ќе биде тестиран од клупските доктори“, пишува во соопштението од Олимпија.
Жига Данеу има 22 години и е внук на легендата на југословенската кошарка Иво Данеу.