Утрински Весник
Македонија

Конференција за наставници „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“

20240922152433 Big 730x400 3.webp.webp

Во Кинотеката денеска ќе биде организирана конференција за наставници на тема „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“, која е дел од проектот „..и Акција!“ во рамки на Програмата на „Еразмус +“, подржан од Европската Унија.

Кинотеката е една од петте партнери во овој проект и ќе учествува со свои излагачи. Меѓу нив се: Игор Старделов, советник филмолог и раководител на филмскиот архив во Кинотеката, кој ќе има  презентација на тема: „Да се заштити и да се прикаже: прилози за развојот на филмската архивистика“, и Александар Трајковски – виш филмолог во одделението за прибирање, заштита, обработка, чување на аудиовизуелни дела и придружна филмска документација, кој ќе ја презентира темата: „Технички елементи на продукција на едукативно видео“.

Дамјана Патчева, виш филмолог во одделението за истражувачка, издавачка, јавна, меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма ќе ја презентира темата: „Етапи на развој на проектот „…и Акција!“.

Како дел од оваа конфереција со свои презентации ќе учестуваат и проф. д-р Розалина Попова-Коскарова од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема: „Потреба од креирање видеосодржини за едукативни цели“, Марија Џиџева – филмски режисер, обучувач во рамки на проектот „…И Акција“ на тема: „Стисни копче и – Акција!“, и Селсебил Караагач, професор во ПСУ „Јахја Кемал“, учесник на обука во рамки на проектот „…И Акција“  на тема: „Дигитализација на наставата, искуства, предности и позитивни страни“.

На конференцијата ќе бидат презентирани и резултатите од проектот „…и Акција!“, како и развиените ресурси. Сите резултати од проектот може да се погледнат на платформата www.andactionproject.eu, каде е достапна и онлајн-обука за креирање видеа.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина